Милан и Манчестер Сити се соочија во пријателски натпревар во САД, а победија „росонерите“ со 3:2. Пред мечот, поранешниот фудбалер на Милан, Златан Ибрахимовиќ се појави како гостин во импровизирано студиот на Манчестер Сити ТВ.
За време на емитувањето, Швеѓанецот, на свој типичен начин, им постави жестоко прашање на колегите од студиото и поранешните играчи на Сити, Шон Рајт-Филипс и Џолеон Лескот.
„Имате гледачи на Сити ТВ или? За вас двајца знам (Рајт-Филипс и Лескот кој се поранешни играчи на Сити), но има ли други?“, праша Златан по што следуваше смеење.
На тоа се јавија и навивачите на Манчестер Јунајтед кој го пофалија за оваа изјава.
🗣️ Zlatan Ibrahimovic on Man City’s pre-match livestream:
“Do you have any viewers for this Man City TV? We got you two! Good job. Good job.” 😅
pic.twitter.com/vBtfeNXicP— Pubity Sport (@pubitysport) July 28, 2024