Лео Антонио си замина од Брера, кариерата ја продолжува во Спартак Суботица!

294

Искусниот Лео Антонио кој во Брера дојде лани летото, својата кариера ја продолжува во Спартак Суботица во соседна Србија. Станува збор за 27 годишен фудбалер за врска кој во својата кариера има настапувано во повеќе клубови.

За првиот тим на струмичани во последната натпреварувачка сезона, Лео имаше 28 настапи при што запиша еден гол и тоа против Шкендија и две асистенции на мечевите со Вардар и Воска.

Леонардо во Брера  дојде од украинскиот Лвив каде одигра една полусезона а претходно настапуваше за литванскиот Џиугас Телсијаи три сезони.

ПретходноСкандалозно: Би-Би-Си го прекина преносот од Новак и Рафа и се префрли на женско рагби!
СледноПромоција: Калафиори во дресот на Арсенал! (ФОТО)