Моли О’Калахан со нов олимписки рекорд подобра од светската рекордерка на 200 метри слободно

76

Соборен олимписки рекорд во последната финална пливачка дисциплина вечерва на ЛОИ во Париз. На трката на 200 метри слободно, Австралијката Моли О’Калахан успеа да ја победи светската рекордерка на оваа делница, нејзината сонародничка Ариане Титмус и да го грабне златниот медал со нов олимписки рекорд – 1:53.27 минути.

Титмуз мораше да се задоволи со сребро, додека бронзата оди во Хонг Конг на градите на Шаван Ховеј.

Светскиот рекордер на 100 метри грбно, Италијанецот Томас Чекон го освои златото во оваа дисциплина. Тој вечерва постигна време од 52 секунди за златен медал, пред Ксу Џиају од Кина (52,32) и Рајан Марфи од САД (52,39). Олимпискиот рекордер Марфи денеска немаше сили за подобар резултат, па мораше да се задоволи со бронза.

Злато освои и Јужна Африка во името на одличната Татјана Смит, која победи на финалето на 100 метри градно. Олимписката шампионка од Токио 2020 година на 200 метри градно, успеа да дојде до првото злато и во Париз.

Втора финишираше Танг Кјантинг од Кина, а бронза освои Мона Мекшери од Ирска.

ПретходноОсмани: Победата од 2:1 не ни гарантира ништо, мора да дадеме се од себе за пласман понатаму
СледноНавас „летна“ за Италија, утре потпишува за Монца