Настапи на ОИ и одлучи да се пензионира на 20 години!

565

Младата парагвајска пливачка Луана Алонсо одлучи да се пензионира после неуспехот на Олимписките игри во Париз. Во сабота таа пливаше квалификации на 100 метри делфин, а не помина во полуфинале и одлучи да ја заврши кариерата.
Овој пораз тешко и падна, а колку и значел овој настап говори и податокот дека на десната нога го истетовирала знакот на Олимписките игри.
„Сега официјално. Се повлекувам од пливањето. Ти се извинувам Парагвај!“, напишала Алонсо на социјалните мрежи.
Алонсо држи неколку парагвајски национални рекорди. Ова и е второ учество на ОИ.

ПретходноОва е комплетниот распоред за ПМФЛ во новата 2024/25 сезона!
СледноИбрахимовиќ: Ман. Сити има телевизија? Oсвен вас двајца, ја гледа ли некој друг?