Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз. Првиот носител во 60. меѓусебно соочување, можеби и последно, славеше над шпанскиот ветеран со 6:1 и 6:4. Убедлив и сигурен беше Ноле кој го продолжува патот кон златото на Олимпијадата.
„Бев спремен. Пред ОИ тренирав напорно и имав време да се спремам за него. Мојата игра тоа и го покажа. Немавме играно две години, тој беше повреден, тоа и се почувствува. Добро го удира топчето. Нормално и публиката се вмеша, а тоа резултираше и со изедначување во вториот сет. Пресуден беше деветтиот гем, кога направив брејк, па знаев дека ќе имам нови топчиња. Се на се, совршен меч“, изјави Ѓоковиќ.