Бразил исфрли од тимот една спортистка – ја „фатиле“ на социјални мрежи како се забавува

211

На вториот ден од ЛОИ во Париз се случи нов скандал, овој пат во бразилскиот тим. Пливачката Ана Каролина Виеира е исфрлена поради своето однесување. Неофицијално таа била во ноќен провод во Париз, надвор од олимпиското село со што го прекршила кодексот на однесување на Бразил.

И не само таа што без дозвола од шефот на делегацијата го сторила тоа. Но, за разлика од неа Габриел Сантос добил предупредување, додека Ана е исфрлена, таа веднаш ќе се врати во Бразил, стои во известувањето на ОИ на оваа земја.

Инаку тие посториле објави на социјалните мрежи и така биле откриени дека се надвор од Олимпиското село.

ПретходноИнцидент во Манчестер: Публиката се тепаше по завршување на УФЦ меч (ВИДЕО)
СледноТаткото на новата ѕвезда на Реал сподели трогателна приказна: Беше гладен, немавме ништо за јадење