Најавите се остварија.Рикардо Калафиори, најдобриот италијански фудбалер на ЕУРО 2024 од денеска и официјално е нов член на Арсенал. Секако дека Микел Артета добива екстра засилување во дефанзивата. Калафиори навистина одигра одлично на ЕП, посебно на мечот со Хрватска, па така големите клубови почнаа да се “тепаат“ за него.
Сега веќе екс фудбалерот на Болоња сепак се реши да ја прифати понудата на “топчиите“ и да стави потпис на петгодишен договор со тимот на менаџерот Микел Артета, кој инсистираше да му се донесе Италијанецот.