Двократниот светски шампион и повеќекратен европски шампион, Романецот Давид Поповичи е нов олимписки првак на 200 метри слободно, откако денеска во силна конкуренција во финалната трка успеа да го победи актуелниот светски првак на оваа делница, Британецот Метју Ричардс.
Поповичи исплива време од 1,44 72 минут, оставајќи го зад себе денеска сребрениот Ричардс за само две стотинки.
Н апобедничкиот подиум се искачи и Американецот Лук Хобсон кој имаше заостанување од седум секунди зад Романецот.
Претходно, Канаѓанката Самер Мекинтош го освои златото на 400 метри мешано. Таа беше подобра од две Американки. Втора заврши Кети Гримс, додека брозната ја освои Ема Вејант.