Трикратниот олимписки шампион закачи Ковид, не може да стане од кревет

278

Трикратниот олимписки шампион и повеќекратен светски шампион, британскиот пливач Адам Пити бил позитивен на инфекција со коронавирус на Олимписките игри во Париз.

Пливачите од британскиот тим велат дека Пити се чувствувал лошо пред вчерашното финале на 100 метри градно, се разбудил со благи болки во грлото, а ситуацијата му се влошила неколку часа по освојувањето на сребрениот медал.

Понатамошното учество на Пити на олимписките натпревари сега е доведено во прашање.

„Адам се надева дека ќе се врати во штафетата. Како и со секое заболување, состојбата соодветно се следи и се преземаат сите неопходни мерки“, се вели во соопштението од британскиот пливачки тим.

ПретходноЕве како Србин навива за Хрват на ЛОИ во Париз! (ВИДЕО)
СледноВтор пораз на домаќините: Европскиот првак Франција на колена пред Норвешка