На дуелот меѓу Србија и Порторико, кој заврши со победа на кошаркарките на нашиот северен сосед (58-55) настана вистински хаос. Овој натпревар останува да биде запаметен по краткиот инцидент на теренот меѓу српската кошаркарка, Драгана Станковиќ и Порториканката, Мија Холингсхед. При битка за една топка под обрачите, двете брзо ги загубија нервите по што настана мала мешаница, која за среќа за кратко време беше смирена.
— Rade Fantastični (@RFantasticni) July 28, 2024