Шведска подобра од Шпанија, Данците рутински против Египет!

62

 

Ако се знае дека првото полувреме заврши со резултатски егал 11:11,  ретко кој можеше да претпостави дека на крајот од средбата меѓу Шведска и Шпанија, резултатот ќе биде 29:26, за скадинавската селекција.

Ова е прва победа на Шведска на ЛОИ во вториот натпревар, и прв пораз на Шпанците исто така во вториот меч. Рековме веќе, првата фаза од средбата се водеше тешка битка, и двете селекции беа максимално борбени. Но во второто полувреме Шведска го искажа сиот свој квалитет, знаеше како да ги користи своите шанси и на крајот да слави заслужен триумф. Ако не беше опуштениоста на Шведска во последните две минути триуфот ќе беше поубедлив со оглед на тоа дека во еден момент резултатот беше 28:20 за Швеѓаните.

Фернандез со 7 голови беше најефикасен кај поразениот тим но и на мечот, додека за Шведска по пет голови постигнаа Карлсон, Пелас и Бергендал.

Данска продолжува со победи. По триумфот над Франција во 1.коло во групата – Б, денеска славеа победа и против Египет со 30:27. Според крајниот резултат не може да се каже дека беше баш така лесно, но ако се знае дека првото полувреме тие имаа водство од 19:9, тогаш се е е јасно. Во продолжение од средбата играа само да одиграат и да освојат нови бодови. Планот им успеа во целост.

ПретходноПМФЛ: Првенството почнува со „Супер Куп“, “Дербито на Македонија“ во 2.коло!
СледноСкандалозно: Би-Би-Си го прекина преносот од Новак и Рафа и се префрли на женско рагби!