Алкараз се помачи со Грикспур, но завери осминафинале

118

Четирикратниот Грен слем шампион и светски рекет број три, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во 1/8 финалето на Олимписките игри 2024 година во Париз (Франција).

Во мечот од второто коло Алкараз (2) со резултат 6:1, 7:6 (7:3) го победи 28. светски рекет, Холанѓанецот Талон Грикспур.

Средбата на Алкараз со Грикспор траеше 1 час и 48 минути. Интересно е што по убедливо освоениот прв сет, Алкараз во вториот мораше да се избори за тај-брејк преку кој и дојде до победата.

За пласман во четвртфиналето на Олимпијадата, 21-годишниот Алкараз ќе се бори со Русинот Роман Сафиулин (66-ти рекет во светот).

ПретходноЈунајтед ќе гради нов “Олд Трафорд“ со капацитет од 100.000 места, цената е 2 милијарди фунти!
СледноРоманецот Поповичи го победи светскиот првак на 200 метри слободно и го грабна златото