Искусниот Лео Антонио кој во Брера дојде лани летото, својата кариера ја продолжува во Спартак Суботица во соседна Србија. Станува збор за 27 годишен фудбалер за врска кој во својата кариера има настапувано во повеќе клубови.
За првиот тим на струмичани во последната натпреварувачка сезона, Лео имаше 28 настапи при што запиша еден гол и тоа против Шкендија и две асистенции на мечевите со Вардар и Воска.
Леонардо во Брера дојде од украинскиот Лвив каде одигра една полусезона а претходно настапуваше за литванскиот Џиугас Телсијаи три сезони.