Османи: Победата од 2:1 не ни гарантира ништо, мора да дадеме се од себе за пласман понатаму

156

Во пресрет на утрешниот реванш меч со Пјуник на гостински терен, тренерот на македонскиот првак Струга ТЛ, Ќатип Османи, зборуваше за очекувањата од реванш пресметката на прес-конференцијата во Ереван.

„Водството од 2:1 од првиот меч во Охрид не му гарантира ништо на нашиот тим, па утре ќе мора да дадеме се од себе на зелениот терен, за конечно да обезбедиме пласман во третото коло од Конференциската лига. Пјуник покажа дека е многу добар тим и дека не се предава така лесно“, вели Османи.

„Секако дека го анализиравме противникот и бев импресиониран од тактички многу дисциплинираниот тим, со поединци кои знаат да бираат ситуации во вистински моменти, па секако утре очекуваме тежок натпревар, натпревар каде што веројатно ќе решаваат детали“, додаде Османи.

ПретходноРоманецот Поповичи го победи светскиот првак на 200 метри слободно и го грабна златото
СледноМоли О’Калахан со нов олимписки рекорд подобра од светската рекордерка на 200 метри слободно