По три одиграни кола: Никола Јаничиќ е втор стрелец на шампионатот во Скопје

340

Македонската кошаркарска репрезентација по три кола на Европското првенство Б „Дивизија“ кое се одржува во Скопје има максимален ефект од три победи во исто толку одиграни мечеви. „Црвено-жолтите“ ги совладаа Ирска, Босна и Чешка, па по третото коло се лидери на табелата во групата Ц. На два меча до крајот на групната фаза, Македонија се наоѓа на чекор до четвртфиналето на овој шампионат, следен противник е Кипар (мечот се игра утре), а во последниот меч нашата репрезентација игра против Украина.

Денот за пауза го искористивме за индивидуалната статистика. Никола Јаничиќ е кошаркарот со најмногу постигнато поени до сега, на три меча стигна до бројката од  83 поени. Просекот е 27.6 поени по меч, што го става на второто место во оваа категорија.

Македонија го има и вториот најдобар крадец на топки. Стефан Стојковиќ се наоѓа на второто место со четири украдени топки по меч или вкупно 12. Пред него е кошаркар од Португалија, кој има подобар процент бидејќи има одиграно два меча.

ПретходноГерманците фуриозно против Јапонија
СледноСо новите победи, ШК Алкалоид уште поблиску до одбраната на титулите