ПСЖ ќе го комплетира трансферот на Невеш, а потоа оди по Холанѓанец

336

Пари Сен Жермен ќе го финализира трансферот на Жоао Невеш од Бенфика вреден околу 70 милиони евра. 19-годишниот фудбалер има откупна клаузула од 120 милиони евра, но според информациите двата клуба се договориле за околу 70 милиони. Освен тоа ПСЖ во зделката ќе вклучи еден свој играч, а кон Бенфика треба да се упати Ренато Санчез.
Во меѓувреме француски „Екип“ пишува дека ПСЖ го пикирал и дефанзивниот играч за врска на ПСВ, Јерди Саутен. 27-годишниот фудбалер имаше одлични настапи за Холандија на ЕП 2024.
ПСЖ има и други цели ова лето, Виктор Осимен од Наполи, Дезире Дуе од Рен и Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.

ПретходноИбрахимовиќ: Ман. Сити има телевизија? Oсвен вас двајца, ја гледа ли некој друг?
СледноНовак го „разби“ Надал во тениската класика на ОИ