Водата во Сена се уште не е добра, триатлонот одложен за утре

260

И покрај сите убедувања дека водата во реката Сена е со добар квалиет, сепак, машкиот триатлон натпревар во Париз официјално е одложен за утре. Ако се биде добро со водата, трката ќе започне утре по женската трка, која е закажана три часа претходно.

Првично, машкиот триатлон требаше да се одржи денеска, но квалитетот на водата во Сена не ги исполнува условите, па организаторите беа приморани да ги откажат и тренинзите, а и денешната трка. Ако и утре не се подобри ништо со водата, останува триатлонските трки да бидат презакажани за 2 август.

Според организаторите на Олимписките игри во 2024 година причината за загадувањето на водите е поради обилните дождови кои беа активни во петокот и саботата во Париз.

ПретходноТренчовски е нов асистент менаџер во еден од африканските гиганти
СледноМбапе за 20 милиони евра стана газда на францускиот второлигаш Каен