Екипата на Дрита вечерва и во реваншот во 2.квалификациско коло во ЛК како домаќин славеше против Бреидаблик со 1:0, па така со вкупни 3:1 успеа да ги елиминира Исланѓаните и со тоа да се пласира во следната фаза.
Да потсетиме, Дрита ја предводи еден од нашите најдобри тренери Зекирија Рамадан, а вечерва еден од најдобрите во тимот на косовскиот тим беше Егзон Бејтулаи.
Значи Зеко и Егзон целосно го одмаздија Тиквеш, ако се знае дека Бреидаблик во првата рунда во квалификациите во ЛК го елиминирапе тимот од Кавадарци.