И дефинитивно потоп. Уште во јули македонските клубови кои настапија во Европа, се елиминирани. Вечерва во Ереван и Струга ТЛ е елиминирана и тоа во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференциии откако беше елиминирана во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите од Слован.
За нас дефинитивно е само сон групна фаза па макар во Лигата на Конференции.
Осум меча, шест порази и само две победи, оние на Тиквеш дома со Бреидаблик и Струга ТЛ дома со Пјуник.
Шампионот на стартот во квалификациите во Лигата на Шампионите беше елиминирана од Слован со 2:4 и 1:2. Потоа елиминација од Пјуник во квалификациите во ЛК со 2:1 и 1:3.
Шкендија е најголемото разочарување. Два порази од Ноа и тоа со 0:2 и 1:2.
Тиквеш како дебитант во Европа беше елиминиранод Бреидаблик со 2:1 и 1:3.
Тоа е. Цела година се “тепаат“ за да играат во Европа, за да потоа ни август не можат да го дочекаат.