Арсенал не застанува, по Калафиори ќе донесе шпански репрезентативец

985

Арсенал во понеделникот го потврди централниот бек Рикардо Калафиори кој за 45 милиони евра дојде од редовите на Болоња, а лондонскиот клуб веќе пикирал уште еден фудбалер. Според новинарот Николо Скира, Арсенал се договорил со играчот од средниот ред Микел Мерино. На играчот му бил понуден договор до летото 2028 година кој го прифатил, сепак, за да се реализира трансферот треба „топчиите“ и Сосиедад да се договорат околу откупната сума.

Во меѓувреме претседателот на Сосиедад, Хокин Аперибај изјави дека ќе направи се за да го убеди Мерино да остане во Сан Себастијан.

Мерино е во Сосиедад од 2018 година, претходно играше за Њукасл, Борусија Дортмунд и Осасуна. Има и 28 настапи за Шпанија.

ПретходноГерманците го “средија“ и Бразил, Јапонците беа блиску до сензација!
СледноПознати сите четвртфинални двојки на фудбалскиот турнир на ОИ