Германците го “средија“ и Бразил, Јапонците беа блиску до сензација!

200

Светскиот шампион, селекција на Германија на кошаркарскиот турнир на ЛОИ, дојде до втората победа на игрите во вториот меч. Вечерва во рамките на 2.коло во групата – Б, го совладаа Бразил со 86:73 и со тоа дефинитивно се пласираа во следната фаза.

Освен во втората четвртина,која Бразил ја доби со 30:18, сите останати четвртини беа контролирани од Германците кои на крајот заслужено славеа.

Невидена драма во Лил на мечот меѓу Франција и Јапонија. Аутсајдерот беше блиску до сензација. Имено Јапонците на 15 секунди имаа +4 поени, но Стразел погоди тројка а доби и едно слободно фрлање поради фаул врз него на тој шут.

Беше успешен и со тие 84:84 го однесе мечт во продолженија во кои Франција сепак беше подобра и победи со 94:90.

ПретходноОсмани: Во 90+6.минута се случи тоа што се случи, примивме гол со кој сме елиминирани!
СледноАрсенал не застанува, по Калафиори ќе донесе шпански репрезентативец