Египетската мечувалка со сабја Нада Хафез се појави на Олимпијадата во Париз во седмиот месец од бременоста. Тоа не и пречеше да го исполни својот сон за настап на ова врвно светско натпреварување.
„Всушност бевме тројца на платформата! Јас, мојот ривал и моето уште неродено бебе! Јас и моето дете имавме многу тешкотии – и физички и емотивни. Имам среќа што ја споделив довербата на мојот сопруг и моето семејство“, напиша Хафез на социјалните мрежи.
Мечувалката успеа да стигне до 1/8-финалната фаза. Таму загуби од јужнокорејската противничка Чунг Хајунг со резултат 7:15.