Еспањол нуди премалку за Миовски, преговорите со Болоња се интензивираат!

1041

Се чини дека Бојан Миовски нема да направи трансфер во Еспањол. Последните вести гворат дека понудата што тимот од Барселона ја доставил до Абердин била помала од 6,5 милиони фунти колку што бара шкотскиот тим за Македонецот.

Но затоа прегворите се интензивираат. Деновиве се закажани нови состаноци и двете страни ќе се обидат да дојдат до договор. Исто така познато е  дека покрај Болоња, со која Миовски би играл во Лигата на Шампионите, од Италија за Македонецот се интересира и Џенова, некогашниот клуб на Пандев.

Од друга страна раководството на Абердин е убедено дека кога- тогаш, Миовски ќе биде играчот кој за најмногу пари си заминал од Абердин во клупската историја.

ПретходноЛШ-квалификации: Мурињо и Фенер се спасија од бламажа!
СледноОсмани: Во 90+6.минута се случи тоа што се случи, примивме гол со кој сме елиминирани!