Легендарниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао, неодамна се врати во Колумбија за да игра за Милионариос, но семејна драма го принудила да го пропушти натпреварот овој викенд.
Како што јавија медиумите, во неговиот дом во Богота, неговата сопруга Лорелеј Тарон, нивните пет деца, како и двајца братучеди се затруле со јаглерод моноксид од истекување на гас. За среќа ги спасила собарка која случајно се нашла таму во тој момент.
„Ја вклучивме греалката и сите добивме труење со јаглерод моноксид. По многу часови почувствувавме силен мирис. Госпоѓата што ни помагаше почна да вика брзо да излеземе. Заминавме бидејќи мирисот беше неподнослив. Анет плачеше затоа што беше болна, Џедидија спиеше, а јас го видов светот наопаку. Јас и Анет имавме најсилни симптоми, но набрзо и мајка ми, Доми, Хевен и Деси почнаа да се чувствуваат лошо, со повраќање и главоболка“, изјавила сопругата на Фалкао.
Поради ваквата ситуација Фалкао не можеше да игра и им се извини на навивачите, заблагодарувајќи им се на сите за пораките за поддршка, а особено на персоналот од болницата кој му помогна на неговото семејство.