Македонскиот џудист Еди Шерифовски денеска ќе го има својот дебитантски настап на Летните олимписки игри во Париз. Шерифовски ќе се појави некаде по 10 часот во првите квалификациски борби во категоријата под 81 килограм и на стартот за противник доби квалитетен ривал во Бразилецот Гилерме Шимид.
Бразилецот на последното светско првенство го одвои 9. место во оваа категорија, а беше високорангиран на 3. место на светската турнеја оваа година.
Останува да видиме каков ќе биде настапот на нашиот џудист.