Македонската делегација ја чека долга пауза до следниот настап на ЛОИ

485

Македонската делегација на ЛОИ во Париз ја сочинуваат шест спортисти, тројца од нив веќе настапија, истануваат уште тројца. Покрај македонските спортисти добро е познато дека имаме и наши судии во главната престолнина на Франција.

Еди Шерифовски денеска го заврши настапот во натпреварите во џудо со пораз во првата рунда, тој загуби со ипон во првиот дуел на Игрите против Бразилецот Гиљерме Шимит, кој ја потврди фаворитската улога.

Пред Шерифовски своите настапи на Игрите ги завршија и пливачот Ѓуретановиќ и нашата стрелачка Мојсовска.

Следниот настап на нашите спортисти е после нецели десетина дена. На 8 август кога ќе настапат таеквондистката Милјана Рељиќ и борачот Владимир Егоров.

Последен од македонските олимпијци ќе настапи атлетичарот Дарио Ивановски во маратонската трка закажана за 10 август.

ПретходноПо Грција, Канада ја суреди и Австралија
СледноРебиќ: Тажен сум и засрамен!