Мбапе за 20 милиони евра стана газда на францускиот второлигаш Каен

298

Капитенот на француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе стана мнозински акционер во францускиот фудбалски клуб Каен за нешто помалку од 20 милиони евра, објави весникот „Паризиен“.

Така, 25-годишниот Мбапе стана еден од најмладите сопственици на фудбалски клубови во Европа. Тој е косопственик на клубот од Нормандија со претседателот на Надзорниот одбор Пјер-Антоан Каптон, кој го поседува преостанатиот удел. Мбапе купи и дел од долговите на Каен за клубот да нема проблем со финансиските власти во Франција.

Каен минатата сезона ја заврши на шестото место во поредокот во Лига 2.

ПретходноВодата во Сена се уште не е добра, триатлонот одложен за утре
СледноЛОИ 2024: Шерифовски настапува денеска, првиот ривал доаѓа од Бразил