Османи: Во 90+6.минута се случи тоа што се случи, примивме гол со кој сме елиминирани!

548

И покрај тоа што во Ереван нашиот шампион замина со предност од 2:1, сепак не успеа да се пласира во следната фаза. Пјуник во реваншот на свој терен успеа да слави со 3:1 и со тоа да ја елиминира Струга ТЛ во фудбалска Европа.

Посебно боли тоа што Струга ТЛ во Ереван прими гол во 90+6.минута кој се покажа како решавачки.

По мечот свое видување имаше тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи:

Во првото полувреме не бевме на вистинското ниво. На противникот му дозволивме многу простор да не нападне пред нашиот гол и како резултат ги примивме двата гола. Благодарение на Ибраими, успеавме да се вратиме на крајот од првото полувреме. Можам да кажам дека второто полувреме беше рамноправно, неколку пати се обидовме да ризикуваме кон противничкиот гол, но безуспешно. На крајот се случи тоа што се случи, го примивме и третиот гол со кој не елиминиравме од европските натпреварувања“заклучи Османи.

ПретходноЕспањол нуди премалку за Миовски, преговорите со Болоња се интензивираат!
СледноГерманците го “средија“ и Бразил, Јапонците беа блиску до сензација!