Пане Гогов (19), талентираниот играч за врска на Тиквеш, потпиша за Амазонас, тим од Втората лига на Бразил. Гогов веќе неколку месеци е во Бразил каде тренира со играчите на овој тим, но деновиве стави потпис на шестмесечен договор со овој тим. Инаку Македонецот заедно со своите соиграчи на Амазонас, ќе учествува на турнир за играчи до 20 години, каде ќе се најдат најпознатите клубови од Бразил, како и од Европа. Секако дека ќе биде следен од голем број менаџери и ако успее да ги задоволи вкусовите ќе остане во Амазонас или во некој друг клуб.
Во секој случај во Тиквеш очекуваат позитивни вести.
Гогов во Бразил замина на препорака на тренерот на кавадарчани Ѓоко Мојсов откако во минатата сезона дебитираше за првиот тим наТиквеш во ПМФЛ.
Младиот кавадарчанец на фотографијата е во дресот со бр.15.