Трофејниот српски фудбалски клуб Партизан го донесе перуанскиот репрезентативец Жоао Грималдо кој потпиша договор со црно-белите на четири години. Неговиот трансфер изнесува 1,4 милиони евра што е третото најскапото засилување во историјата на клубот.
Грималдо до сега играше само во Перу, па ангажманот во Партизан му е прв европски предизвик. Се работи за брзоног крилен фудбалер, а од неорамна и „А“ репрезентативец на перу.
Тој е третото најскапо засилување за клубот зад Умар Садик и Сејдуба Сума.