На околу еден час пред почетокот на возвратниот дуел од 2.квалификациско коло во ЛК меѓу Пјуник и Струга ТЛ, тренерите на двете екипи објавија стартните состави.
Струга ТЛ овој меч ќе го започне во формација 3-4-3.На голот е Дујмовиќ, во одбраната се Влајковиќ, Радиќ и Кривањева. Во средниот ред се Спировски, Касами, Ристевски и Укпа, во нападот Шабани, Кехинде и Ибраими.
Го нема Јевтоски во записникот а Радески е на клупа.
Натпреварот се игра од 18 часот на стадионот “Вазген Саргасјан“ во Ереван (Ерменија). Нашиот шампион влегува во реваншот со предост од 2:1 остварена во Охрид минатата недела.
Победникот од овој двомеч во следната фаза се среќава со подобриот од двомечот меѓу Диферданж и Ордабаси.