По првото полувреме во Ереван, на возвратниот меч од 2.квалификациско коло во ЛК, Пјуник води со 2:1 и тоа со голот на Дебле во 17.минута,а потоа и со погодокот на Коваленко во 45.минута. За Струга ТЛ погоди Ибраими. Домашните беа подобри, создадоа неколку шанси, Дујмовиќ спасуваше во два наврати.
Струга ТЛ во 25.минута имаше зицер кога Укпа иако сам пред домашниот гол не се снајде, во продолжение на акцијата Ибраими шутитраше силно под пречката, но домашниот голман фантастично одбрани. Шанса имаше и Кехинде во 47.минута, но немаше гол.
Но затоа погоди Бесарт Ибраими во 45+3. за 2:1
Се на се Струга ТЛ сега има вкупно 3:3, но ако сака пласман понатаму ќе мора да заигра подобро во продолжение од средбата.
Интересно е тоа што Спировски мечот го почна како класичен дефанзивец, а во 28.минута беше заменет со Илиевски.