Барселона и натаму притиска да го добие потписот на Дани Олмо до крајот на летниот трансфер период, но германскиот бундеслигаш не попушт аво намерите добро да го наплати неговото заминување.
Како што пренесува Мундо Депортиво, германскиот клуб јасно им ставил до знаење на каталонците дека ќе го пушти Шпанецот само за 60 милиони евра обештетување и дека не сака никакви разговори, доколку барса не е подготвена да ја плати сумата.
Барселона може да си дозволи само еден голем трансфер ова лето. Доколку Каталонците не успеат да го добијат напаѓачот Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, сите напори ќе бидат фрлени на трансферот на 26-годишниот Олмо. Олмо е дете на Барселона и би сакал да се врати назад во Шпанија, но останува да се почека текот на преодниот рок