Ребиќ: Тажен сум и засрамен!

1913

Анте Ребиќ повеќе не е дел од Бешикташ. Заработуваше околу четири милиони годишно и не беше во плановите на тренерот, па Бешикташ многу сакаше да се ослободи од него. За раскин, Ребиќ побарал исплата на сите плати до крајот на договорот, а Турците не се согласиле на тоа. Не се знае како конечно се договориле.

„Почитувани навивачи на Бешикташ, минатата сезона имаше добар почеток за мене. Иако имавме потешкотии поради некои промени, јас никогаш не се откажав. Сепак, им подлегнав на амбициите и доживеав тешка повреда. Не сум лут. Јас сум само многу тажен и засрамен. Знам дека не ги оправдав очекувањата. Сепак, не верувајте во се што се пишува во медиумите“, стои во пораката во која Ребиќ објави дека повеќе не е играч на турските гиганти, па продолжува:

„Јас сум само фудбалер кој ја живее мојата страст за фудбалот и се поти за да победи. Од денес не сум играч на Бешикташ. Ви благодарам на сите за поддршката. Се надевам дека ова ќе биде добра сезона за вас“.

Ребиќ минатата сезона настапи на седум натпревари за Бешикташ, од кои последниот во февруари. После тоа поради слаби игри испадна од тимот, а заработи и повреда на грбот.

ПретходноМакедонската делегација ја чека долга пауза до следниот настап на ЛОИ
СледноПознати се стартните состави: Струга ТЛ почнува со Ибраими и Кехинде во нападот, Радески е на клупа!