Рома се засили со аргентински напаѓач од Јувентус

154

Рома официјално го комплетираше трансферот на аргентинскиот фудбалер Матијас Суле од Јувентус. Се работи за 21-годишен крилен напаѓач за кого беше заинтересиран и Лестер, но тој ја одбра Рома.

Трансферот изнесува 26 милиони евра плус 4 милиони во бонуси. Суле потпиша петгодишен договор и ќе заработува по 2 милиони евра по сезона.

21-годишниот играч постигна 11 голови во 36 меча за Фросиноне каде што играше како позајмен минатата сезона.

Рома претходно ги ангажираше Енцо Ле Фе од Рен, го откупи Анхелињо од Лајпциг, ги донесе уште левиот бек Самуел Дал од Ѓургарден и голманот Метју Рајан од АЗ Алкмар.

ПретходноПолувреме: Ерменците водат со 2:1, Струга ТЛ и натаму е во “игра“!
СледноСтруга ТЛ со примен гол во 90+6.минута елиминирана од Европа!