Сензација на ЛОИ: Хрватската тенисерка ја испрати Коко Гоф дома

106

Во жеснкиот тениски турнир во сингл се случи првата сензација. Дона Векиќ успеа да дојде до голема победа против фаворитката Коко Гоф совладувајќи ја со 2-0.

Хрватската тенисерка до победата дојде по пресврт, откако во првиот сет имаше негатива од 4-1 и 5-1, успеа да се врати и во тајбрејк да слави со 9-7.

Во вториот сет, Векиќ потврди дека ова ќе биде нејзин ден, по 1-2 за Американката, овој сет го заврши со 6-2.

Хрватската тенисерка ќе игра против подобрата од дуелот Сакари – Костјук.

ПретходноПане Гогов од Тиквеш потпиша за бразилскиот Амазонас!
СледноЕХФ ја одби жалбата на Драган Начевски