Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој се уште се натпреварува на Олимписките игри во Париз, нема да учествува на турнирот Мастерс 1000 во Монтреал од 6 до 12 август, објавија во понеделник организаторите на турнирот.
„Иако сме разочарани што Новак нема да може да учествува на турнирот оваа година, ја разбираме неговата одлука и му посакуваме се најдобро на Олимпијадата и во остатокот од сезоната“, изјави директорот на турнирот Валери Тетре.
Вториот светски играч се пласираше во третото коло на тенискиот турнир на Олимписките игри што се играат во понеделник во Ролан Гарос, победувајќи го еден од своите најголеми ривали, Шпанецот Рафаел Надал со 6:1, 6:4. Ѓоковиќ четири пати го освојуваше турнирот во Канада, но таму не играше од 2018 година.