Кипар за „четири од четири“: Младите кошаркари одат на нова победа на ЕП во Скопје

191

По извонредниот старт и трите победи во групната фаза, машката јуниорка репрезентација на Македонија за играчи до 18 години, денеска има нов предизвик. На европското првество од Б-дизвизија во Скопје, денеска во рамките на 4. коло од групата „Ц“ избраниците на селекторот Горан Андреевски ги очекува меч со Кипар.

Македонија е прва во групата, пре Украина и Чешка, но за да остане на врвот денеска (18.30 ч.) мора да се потруди да дојде и до четврта победа, овој пат над селекцијата на Кипар која во воведните три кола нанижа три порази.

„Против Чешка имавме исклучително тежок натпревар. Добро се подготвивме тактички, а играчите се потрудија  договореното да го спроведат на терен, сето тоа доволно за трета победа во низа. Следен противник ни е репрезентацијата на Кипар. Иaко сме фаворити на хартија, ние приоѓаме со респект спрема противникот и не се залажуваме дека ќе имаме лесен противник. На Европско првенство, едноставно кажано, не постои лесен противник. Играчите имаа еден ден за одмор, и подготвени се со уште поголема борбеност да прикажат уште една брза, атрактивна, убава игра. Иако сме претпазливи секогаш одиме на победа. Така е и овојпат“- порачува селекторот.

ПретходноЛОИ 2024: Шерифовски настапува денеска, првиот ривал доаѓа од Бразил
СледноЕгипќанката која во седмиот месец од бременоста стигна до осминафиналето на ОИ во Париз!