Вечерва малку недостигаше Фенербахче и славниот Жозе Мурињо да доживеат бламажа и тоа на свој терен. Во возвратниот меч од 2.квалификациско коло во ЛШ, откако на гости минатата недела Турците славеа со 4:3, дома едвај победи со 2:1 против Лугано.
Швајцарците сензационално поведоа со 0:1 со голот на Белхадј во 7.минута и со тоа севкупниот резултат беше израмнет на 4:4. Сепак со головите на Џеко во 59. и Шимански во судиското продолжение Фенер направи пресврт и се пласира во следната фаза.