Во жеснкиот тениски турнир во сингл се случи првата сензација. Дона Векиќ успеа да дојде до голема победа против фаворитката Коко Гоф совладувајќи ја со 2-0.
Хрватската тенисерка до победата дојде по пресврт, откако во првиот сет имаше негатива од 4-1 и 5-1, успеа да се врати и во тајбрејк да слави со 9-7.
Во вториот сет, Векиќ потврди дека ова ќе биде нејзин ден, по 1-2 за Американката, овој сет го заврши со 6-2.
Хрватската тенисерка ќе игра против подобрата од дуелот Сакари – Костјук.