Струга ТЛ со примен гол во 90+6.минута елиминирана од Европа!

378

 

Струшка трагедија во Еревен. Имено се играше 90+6 минута кога Коваленко постигна гол за 3:1, и тоа значеше елиминација за Струга ТЛ ако се знае дека вкупно резултатот од домечот е 4:3. Пјуник никако да падне, Струга ТЛ е петтиот наш клуб во Европа кој е елиминиран од овој клуб од Ерменија.

Штета, Струга ТЛ имаше се во свои раце или нозе, но ете, доживеа елиминација од Европа уште во 2.квалификациско коло во ЛК.

Мечот започна со остра игра на домашните, уште во првите две минути на повреди се жалеа Ибраими и Спировски. Пјуник подоброго отвори овој реванш меч, додека Струга ТЛ ориентирана да ги чува тие 2:1 од првиот меч во Охрид.

Пјуник поведе со голот на Дебле во 17.минута, кога шутираше од 16-17 метри, дури тројца го чуваа голот,но сепак мрежата на Дујмовиќ се затресе.

Во 25.минута супер шанса за Укпа, се најде очи во очи со домашниот голман, но ништо. Во продолжение од акцијата Ибраими испрати “бомба“под пречката, Авагјан прекрасно одбрани.

Во следниот напад на другата страна за малку 2:0, сепак Дујмовиќ чудесно спасува. Во 28.минута Спировски, кој играше класичен дефанзивец, го напушти теренот, место него во игра влезе Илиевски.

Во 45.минута Пјуник поведува со 2:0 и тоа со голот на Коваленко. И кога стружани видоа дека нема веќе шега, почнаа со напади, а во 45+4.минута Ибраими по прекрасната соло акција од левата страна стрелаше максимално прецизно за 2:1.

Уф, ова е добар резултат по се она што се случуваше на теренот, а Струга ТЛ можеше на пауза да замине и со 2:2, само Илиевски да беше малку попрецизен.

Второто полувреме Струга ТЛ го започна и со Радески во нападот, кој влезе место Укпа. Треба да се одбележат заканите токму на Радески и Ибраими, но ништо. Резултатот и натаму беше 2:2, или вкупно 3:3.

Во 55.минута голема среќа за нашиот шампион, Влајковиќ ја исфрли топката од гол –линијата и спаси сигурно водство за Пјуник. Неколку минути Дујмовиќ на фантастичен начин го брани голот по шутот на Отубанџи.

Ибраими во 80.минута опасно се закани, но гол немаше.

Но затоа имаше во 90+6 преку Коваленко за 3:1 за Пјуник и за елиминација на Струга ТЛ.

2.квалификациско коло во ЛК (прв меч 1:2)

ПЈУНИК – СТРУГА ТЛ 3:1 (2:1)

Стадион “Вазген Саргсјан“ во Ереван. Судија: Сигурд Кринстад (Норвешка). Стрелци: Дебле 17.,Коваленко 45, 90+6.(ПЈУ),Ибраими 45+4.

ПЈУНИК: Авагјан, Дебле (63.Агдон), Коциуц (72.Удо), Џејмс, Маија, Алемао (72. Давидјан), Отунбанџо, Вилела, Жунињо, Коваленко, Восканјан (46.Братков).

СРУГА ТЛ: Дујмовиќ, Влајковиќ, Радиќ, Кривањева, Ристевски (64. Воша), Спировски (28. Илиевски), Укпа (46. Радески), Касами, Шабани, Кехинде (83.Малески), Ибраими.

ПретходноРома се засили со аргентински напаѓач од Јувентус
СледноЈуниорите на Македонија се четвртфиналисти на ЕП Б-дивизија