Тотална брука! Србија загуби од Австралија во ватерполо!

251

Двократните олимписки шампиони, ватерполистите на Србија, преживеаја вистински срам во втората рунда од натпреварите на олимпискиот ватерполо турнир во Париз. Србија денеска во првиот меч на програмата беше декласирана од Австралија со 8:3.

Австралија се сметаше за еден од двата најслаби ривали во групата, но Србија доживеа понижување, кое одамна не се случило во овој спорт.

За три четвртини и 24 минути игра, популарните „делфини“ постигна само еден гол, а играа очајно во сите сегменти на играта.

Денеска на ватерполо турнирот Хрватска игра со Италија, Црна Гора со Грција, а дербито е вечерва меѓу Шпанија и Унгарија.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: С. Арабија кандидат за домаќин на СП 2034, гради стадион од 92.000 места!
СледноСтруга ТЛ сака и може да го мине Пјуник! (ФОТО)