Два олимписки рекорди паднаа во пливачките дисциплини на Игрите во Париз. Даниел Вифен го освои златниот медал на 800 метри слободен стил со време од 7:38.19 минути што претставува нов Олимписки рекорд.
Ова воедно е прв златен медал за Ирска во било која дисциплина во машкото пливање.
Американецот Боби Финке го освои сребрениот медал, додека Италијанецот Грегорио Палтриниери го зема бронзениот медал во оваа дисциплина.
И кај жените олимписки рекорд. Кајли Мекион од Австралија го освои златниот медал на 100 метри грбно што е нејзин шести златен олимписки медал во кариерата. Таа ја преплива делницата со време 57.33 секунди.
Среброто и бронзата заминаа кај Американката Реган Смит односно Катарина Беркоф.
Во машка конкуренција на 4х200 метри штафета слободен стил триумф на Британија. Сребрени се Американците, а бронзата е за Австралија.