Некои спортисти едноставно не можат да прифатат пораз. Така е тоа во светот на спортот. Ама џудистот од Србија, Немања Мајдов кој беше фаворит за медал, беше поразен од Теодорис Целидис и тоа со 10:0. Прво судиите му покажаа три јавни опомени, па на крај и црвен картон па така тој овој меч го загуби службено.
Малку му беше што правеше „театар“ веднаш по поразот туку се огласи и преку социјалните мрежи:
“Сатанисти, семето да им се затруе.Ме дисквалификуваа по две минути и не ни дозволија да покажам што знам. Ќе ви се врати секоја солза го*нари сатанистички. Само така можете да се сопрете клошари сатанистички, јас нема да ви се наведнам“ напиша покрај другото Мајдов.
— Ricardo Kaka (@rikardons) July 31, 2024