Браво момци МАКЕДОНЦИ. Јуниорите на ЕП до 18 години – дивизија Б кое се одржува во Скопје и дефиитивно ставија печат на првото место во груапата, откако вечерва славеа и против Украина со 83:72.
Ова беше триумф за “пет од пет“, па така во четвртфиналето ќе одат како првопласирана репрезентација во групата – Ц.
Нашите јуниори почнаа одлично, па првата четвртина ја добија со 23:16. Во вториот период беа уште подобри, едноставно се функционираше како што треба, па оваа четвртина ја добија уште поубедливо, и тоа со 26:11 или со +15 разлика, па на пауза се замина со водство од 22 плус за Македонија.
И тогаш во таа трета четвртина дојде до опуштање, што секако дека не смееше да се случи. Украина ја доби оваа четвртина со 24:10 и опасно се закани дека може да дојде и до пресврт.
Кога видоа дека ѓаволот ја однесе шегата, што се вели, македонските јуниори во последната четвртина како да се подигнаа од летаргијата и успееја на крајот да слават заслужена, петта во низа, победа.
И уште еднаш браво.
Најефикасни во нашата репрезентација беа Јаничиќ со 21 поени и Кириловски со 20.