Барселона и Манчестер Сити одиграа пријателски натпревар во Орландо, а каталонскиот клуб победи по подобро изведување на пенали.
Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола искажа комплименти за играта на Барселона на меѓусебниот контролен натпревар во Орландо. На кормилото на Барса е Ханси Флик, поранешниот стратег на Баерн.
„Навистина ми се допадна Барселона на Флик. Сезоната е долга, но ми се допадна тоа што направил до сега. Позиционата игра им беше извонредна, крилните играчи делуваат како напаѓачи, внатрешните играчи излегуваат напред, бековите го напаѓаат просторот. Играта беше фантастична, со многу шанси, не знам точно колку удари примивме. Мислам дека и противникот е задоволен“, изјави Гвардиола.
Следниот пријателски натпревар Манчестер сити го игра на 4 август против Челзи, додека Барселона истиот ден ќе игра против Реал Мадрид.