Дортмунд и Сити се договорија – Бразилец доаѓа на „Сигнал Идуна Парк“!

368

Борусија Дортмунд се договорил со Манчестер Сити за трансфер на младиот бразилски дефанзивец Јан Коуто. 22-годишниот десен бек не успеа да стигне до првиот тим на Сити по трансферот во Манчестер од Коритиба во 2020 година, па јасно е дека ако сака да напредува мора тоа да го бара во друг клуб.
Борусија е полн погодок, клуб кој работи со млади фудбалери.

Инаку Коуто три сезони играше како позајмен во сестринскиот клуб на Сити, Џирона која во новата сезона ќе дебитира во ЛШ.
Спореди изворите, Борусија Дортмунд ќе плати за младиот бразилски фудбалер 25 милиони евра плус бонуси, а до крајот на неделата би требало да потпише и договор.

ПретходноЈоргенсен е седмото засилување на Челзи ова лето
СледноТренерот на Ботев збесна на пресот: Сите ние сме селјаци – и Бугарите и Србите