Екс-напаѓач на Сити и на Лестер потпиша за Севиља

340

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Келечи Ихеначо е нов фудбалер на Севиља. Шпанскиот клуб ја објави зделката, а нигерискиот репрезентативец доаѓа на „Рамон Санчез Писхуан“ како слободен откако на почетокот на јули му истече договорот со Лестер за кого играше од 2017 година.

Тој запиша 232 меча за „лисиците“ во сите натпреварувања со ефект од 61 гол и 34 асистенции. Претходно Ихеначо играше две сезони за Манчестер Сити.
Ова лето Севиља ги донесе Пеке Фернандез од Сантандер, потоа Чидера Ејуке од ЦСКА Москва, а на позајмица дојдоа Алберт Локонга од Арсенал и Саул Нигез од Атлетико.

Кога сме кај Севиља, андалузискиот клуб во наредните денови може да се засили со фудбалер на Интер. Се работи за францускиот интернационалец Лусиен Агуме кој претходната сезона шест месеци помина во Севиља како позајмен. Сега Шпанците сакаат повторно да го ангажираат.

ПретходноИсториски момент на ОИ – Спортисти од Северна и Јужна Кореја направија селфи! (видео)
СледноХрватите ја победија Германија во важен меч за пласман во четвртфинале на ОИ