Леброн и компанија одиграа колку што требаше, триумф и над Ј. Судан!

241

Ако на неколку дена пред стартот на кошаркарскиот турнир на ЛОИ, Американците во Лондон во пријателски меч го победи Ј. Судан со 101:100 и тоа со помош на судиите, вечерва не беше така. Кошаркарите на САД одиграа колку што требаше за да се победи убедливо составот на Ј. Судан со 103:86. Се чини дека Леброн Џејмс и другарите запнеа малку повеќе, разликата и победата ќе беа уште поубедливи.

Па така САД сега по 2.коло во групата со две победи е на првото место. Србија и Ј.Судан се на делба на втората позиција а Порторико е последен.

Најефикасен кај Американците вечерва беше Адебајо со 18 поени, додека кај поразениот состав Омот забележа 24 поени.

ПретходноДанците без проблеми и со Аргентина!
СледноМаршан со трето злато, Жанле со светски рекорд на 100 метри слободно и со злато