Норвешка ја совлада Унгарија со гол во последната секунда

138

Ракометарите на Норвешка ја впишаа третата победа на Олимписките игри и си го обезбедија пласманот во нокаут фазата на ракометниот турнир. Во 3 коло од групната фаза во драматичен финиш ја совладаа Унгарија со 26-25 (11-13). Пресметката во Париз се решаваше во последната минута.

На 38 секунди до крајот при резултат 25-25, Грондал направи техничка грешка со што Унгарците отворија контра напад по кој Имре промаши зицер, поточно неговиот удар го одбрани голманот Бергеруд. Потоа беше фрлена контра и буквално во последнаата секунда Болц погоди од крило за победа на Норвешка.
Норвешка има три победи, Унгарија има една победа и два порази.

Денеска се играат останатите мечеви.
Во групата Б каде што се Норвешка и Унгарија ќе се соочат Франција-Египет (19 ч.) и Данска-Аргентина (21 ч.).
Во групата А во тек е мечот Хрватска – Германија, а потоа ќе играат Шпанија – Јапонија (14 ч.) и Словенија-Шведска (16 ч.).

ПретходноТренерот на Ботев збесна на пресот: Сите ние сме селјаци – и Бугарите и Србите
СледноНадал ги „спушти“ Шпанците на земја: Така не се освојуваат медали…